Руската туристичка агенција која успеа да ја добие првата лиценца за работа во Северна Кореја се надева дека домашните туристи ќе бидат доволно љубопитни да посакаат да бидат едни од ретките кои ја посетиле најзатворената земја на светот.
Во Северна Кореја ќе водат групи од по 10 луѓе чии биографии претходно ќе бидат проверени од службите на домаќините а на туристите им следува и задолжителен придружник „кој ќе надгледува дали се однесуваат пристојно и ќе ја гарантира нивната безбедност“.
Слики и селфија со стратешки и воени објекти не се препорачуваат ама затоа се нуди целосно нурнување во националната култура и уживање кое е „побезбедно отколку шетање по Лондон“.
Најскапата опција е 15 дневна посета, која за цена од 2.000 евра, вклучува посета на фарма, фабрика за вода, будистички храм, прошетка по планини и запознавање со националната кујна. Има аранжмани кои нудат и аеро-митинг па и пиво-фест.
По последните нуклеарни проби, светот дополнително ги затегна разно-разните санкции кои ѝ се наметнати на Северна Кореја и на одамна издишаната економија на земјата жестоко ѝ се потребни свежи приходи.
Прашање е дали и колку на оваа понуда ќе трзнат Русите кои во последниве години туристички најмногу ѝм се намерачени на европските дестинации, Турција и Тајланд.
*****
A имате и од поблиску.