Каде е и што прави Берни Сандерс?

Во Америка е, кај ќе биде :) Сè уште не може да го поднесе Трамп но деновиве мора по медиуми да чита како токму неговите гласачи биле клучни за победата на цепаницата.

Најновите анализи на последното гласање во САД покажуваат дека гласачите на Берни Сандерс можеби имале клучна улога во конечниот исход на изборите и тронизиризањето на Доналд Трамп.

Се проценува дека 12% од оние кои гласале за Берни, во финалната битка му дале глас на Трамп, иако двајцата се на спротивните страни на политичкиот спектар но истовремено имаа и заеднички именител, што важеа за луѓе кои се аутсајдери за закостениот политички естаблишмент. Накратко, до толку не ја можеле Хилари. 

Влијанието на гласовите на овие 12% симпатизери на Берни е дотолку поголемо што биле и побројни во клучните држави (Мичиген, Висконсин и Пенсилванија) кои ги решија изборите.

Долгометражна е таа дилема, дали поддржувачите на оние кандидати кои ќе изгубат во раните фази на изборите, во финалето ќе останат лојални на партискиот кандидат. За споредба, само 3% од фановите на Тед Круз на крајот гласале за Хилари. 

Инаку, според активностите, се чини дека за Берни трката не е завршена. Тој и натаму крстари низ Америка, собира луѓе и држи говори а во редовите на Демократите и натаму се разгледува како нивен сериозен кандидат за изборите во 2020 година.    

 

24 август 2017 - 13:03