Косовари го купија Тинекс
11 октомври 2026
- Тинекс, еден од најпрепознатливите синџири супермаркети во Македонија со повеќе од 30 години историја, е во рацете на Проекс Интернационал.
- Се работи за косовска компанија со седиште во Приштина, основана во 2011 година со главна дејност малопродажба (супермаркети), трговија со храна, пијалаци и тутунски производи, нафтени деривати и франшизи.
-
Единствен сопственик е друштвото „ЦДИ Косово“, каде 93 % удел има косовскиот бизнисмен Шаип Микуловци.
- Тие се сега газди на целиот малопродажен бизнис под брендовите: Тинекс, СуперТинекс, Тинекс Деликатес, Конто и Спот, околу 30 супермаркети во 8 градови, како и логистички и производни капацитети.
- Нов главен извршен директор е Лиридон Бериша.