Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Се блокираат уште 104 места за нелегално онлајн коцкање

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерството за дигитална трансформација (МДТ) информира дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.
  • Со тоа, вкупниот број налози за блокирање достигнува 462.
  • АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.
  • „Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет-просторот“, порачуваат од министерството.
извор

Такер Карлсон: Нетанјаху го притиска Трамп да удри со нуклеарка врз Иран

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп би можел веќе наредните денови да нареди нуклеарен напад врз Иран, тврди конзервативниот коментатор Такер Карлсон.
  • Според неговите информации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху секојдневно врши силен притисок врз Трамп да го одобри нападот а тој би можел да донесе одлука до 7 ноември.
  • Мета би била планината Пикакс во централен Иран, каде што, според израелските разузнавачки информации, иранската влада ја рестартирала својата програма за збогатување ураниум. 
  • Карлсон оцвенува дека Нетанјаху е во незавиодна положба по изборите и дека не може да формира влада без директно посредништво на Трамп, за поддршка од најмалку 61 член на Кнесетот.
  • Во спротивно Нетанјаху би го изгубил премиерското место и би се соочил со истраги а можеби и затвор.
  • „Нетанјаху мора да остане близок до Трамп. Нему му е потребна оваа војна“, напиша Такер Карлсон.
извор

Хакери топат смрзната храна во супермаркети низ Европа

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Трговски синџири во Шведска, Белгија и Луксембург ќе мораат да фрлат тони замрзната храна откако хакери упаднале во нивните компјутерски системи и ја кренале температурата во фрижидерите на плус 50 Целзиусови степени.
  • Менаџер на супермаркет во Стокхолм изјави дека нападот бил извршен во 2 часот по полноќ, а бил забележан во 5.30 часот.
  • Надлежните служби не посочија виновник за нападот. Не се јави група да преземе одговорност.
  • Сличен напад во октомври беше извршен врз близу 350 супермаркети во Франција. Освен што ја уништиле храната, некои фрижидери и се запалиле.
  • Пентагон неодамна објави дека како можен хакерски напад ја третира серијата мистериозни дефекти на замрзнувачите во воени бази во САД во текот на август.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Јаки духови, јаки расположенија

Разно
6

Реметење билдери на отворено

Видео
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Свет
7

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

8

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Зошто Давос ја сака Грета?

Низ Скопје, со бизнис класа

Како да убиеш држава преку ноќ?

Број два, трет пат

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy