Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го оцени политичкиот судир околу Уставниот суд на Полска како типичен пример колку забегала Европската Унија од времето кога Словенија стана нејзина членка. По иницијатива на премиерот Туск беше суспендиран претседателот на Уставниот суд, па претседателот Навроцки и полски граѓани излегоа да го бранат судството од извршната власт.

Во пост на Фејсбук, Јанша наведува низа примери како Брисел ги разочарал граѓаните на членките на Унијата.

Кога одлучувавме да се приклучиме кон ЕУ, никој не претпоставуваше дека во која било од нејзините земји-членки, или во Унијата како целина, ќе биде можно, без никакви последици:

  1. Да се поништат претседателски избори (Романија);
  2. Да се укине информативна програма на националниот радиодифузен сервис (Унгарија);
  3. Да се испрати полиција во Уставниот суд (Полска);
  4. Три недели пред изборите, лидерот на партијата што води во анкетите да се испрати во затвор (Словенија);
  5. Да се окупира националниот радиодифузен сервис со полиција и да се смени раководството (Полска);
  6. Да му се прекине мандатот на раководството на националниот радиодифузен сервис и да се спроведе чистка на вработените (Словенија);
  7. Да се испратат членови на претходната влада во затвор, без можност за одбрана (Унгарија);
  8. Да им се доделат речиси еден милион државјанства на илегални мигранти преку забрзана постапка (Шпанија);
  9. Да се затвори нова нуклеарна централа и да се изгради гасовод кон Русија (Германија);
  10. Да се оданочуваат изворите на енергија што испуштаат јаглерод, а истовремено да се затвораат нуклеарни централи и индустријата да се преместува во земји со ниски еколошки стандарди – под изговор дека така ја спасуваме планетата.

Се појави ЕУ која мора да се спасува самата од себе, заклучува Јанша.

*****
Види и: Хаос во Полска по нападот на Туск врз Уставниот суд

Ако не можеш да го победиш, забрани го

Маѓар бара оставка од претседателот и замолкнување на државната телевизија

2 ноември 2026 - 08:43