Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ако не можеш да го победиш, забрани го

10 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Калин Георгеску, десничарскиот кандидат што лани победи во првата рунда од поништените избори за претседател на Романија, му е забрането да учествува на повторените избори во мај.
  • Централната изборна комисија го исфрли Георгеску од трката, со објаснување дека „не ги исполнува легалните услови“ и „ја нарушил обврската да ја брани демократијата“.
  • „Ова е директен удар во срцето на демократијата“, оцени Георгеску, кој има право на жалба.
  • Георгеску освои најмногу гласови на првата рунда во ноември, но Уставниот суд ги поништи изборите откако разузнавачи објавија дека Русија нелегално му помогнала во кампањата преку 800 профили на ТикTок.
  • Полицијата во Букурешт употреби солзавец за да се одбрани од толпата што протестираше за поддршка на десничарскиот кандидат.

 

извор

Трамп ќе стане „Господин Вето“

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Ако демократите на изборите утре освојат мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот, претседателот Трамп има стратегија да блокира мерки и закони од Конгресот за да ја спроведува својата политичка агенда. „Претпоставувам дека ќе станам Господин Вето. А потоа, во одреден момент, веројатно ќе склучиме договори“, изјави неодамна Трамп.
  • Заменик-шефот на кабинетот Стивен Милер и директорот за буџет Расел Воут уште од март анализираат што Трамп законски може да направи сам, каде би можел да ги помести границите на своите овластувања и како да ги брани тие одлуки на суд. Идентификувале извршни мерки за имиграцијата, царините и федералните трошоци кои Трамп би можел да ги преземе без одобрение од Конгресот.
  • Во првата половина од својот втор мандат Трамп се повикуваше на национални вонредни состојби за да воведува царини, да ја намали администрацијата, па дури и му објави војна на Иран без да бара дозвола од Конгресот.
  • Ако Конгресот ги укине вонредните состојби, Трамп би можел да стави вето, кое може да биде поништено само со двотретинско мнозинство во двата дома.
  • Сепак, нема да може да го спречи Конгресот да отвора истраги против функционери од федералната администрација за злоупотреба на овластувањата или за судир на интереси.
извор

ВМРО-ДПМНЕ му честита на ДУИ во Брвеница: Донесоа бајаги луѓе од надвор

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, е победник во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница, потврди Државната изборна комисија.
  • Разликата била само 265 гласа: Јахији освоил 4.442, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, 4.177.
  • ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот и оцени дека е резултат на гласови од дијаспората. 
  • „Некогаш против бројките не се може. Успеаја да донесат бајаги луѓе од надвор коишто не живеат тука. Живеат надвор од татковината, меѓутоа, гласаа за кандидатот на ДУИ и јас би му честитал во оваа прилика“, оцени генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
  • „Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

7

Реметење билдери на отворено

Видео
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Почина Мишо Хрњак од Азра

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
5

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
8

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Една фотка, лајкови рој

Капитализам со суперхиковски лик

Колку треба да си глуп?

Трпение, спасение

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy