Свештеник осуден на затворска казна заради поседување детска порнографија дал едно од најневеројатните објаснувања зошто го правел тоа. Се разбира, Господ е мотивот, ама скроз поинаку.
55 годишниот свештеник од Пенсилванија Кевин Гулиота е осуден на двегодишна апсана заради поседување детска порнографија. Бил соочен со вкупно 40 обвиненија, признал едно за да добие правна опрост за другите 39.
Според записите од сослушувањата, зад навиката да собира и дели таков материјал стоел - покерот. Гулиота сакал да му се одмазди на Господ заради тоа што губел на покер. Верувал дека токму Господ ги оркестрирал неговите порази на покерашката маса и решил „да му врати“ баш на овој начин.
Судијата не покажал разбирање за ваквото "потресно сведоштво' но колеги на Гулиота велат дека човек некогаш прави чудни и несвојствени работи кога е под стрес.
Со други зборови, чудни се патиштата Божји.