- Големи се разликите во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на нивните лидери Христијан Мицкоски и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата Маркет вижн во периодот од 11 – 27 септември на примерок од 1.200 испитаници.
- На прашањето „за која политичка партија ќе гласате на наредните избори, 19,3 отсто одговориле дека ќе гласат за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто за СДСМ, а рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени – 4,2%.
- 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат да гласаат, не знаат дали ќе излезат на гласање или не сакаат да одговорат на ова прашање.
- И кај лидерите, довербата за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, (20,4%) е во голема предност пред довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ (3,8%), пренесува МКД.мк.
- Од опозициската партија оценуваат дека објавените бројки покажуваат пад на поддршката за владејачката партија, споредувајќи го нејзиниот актуелен рејтинг со резултатот на последните парламентарни избори, пренесува Локално.
- Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Фиренца, Милано, Неапол, Торино и уште 50 италијански градови, протестирајќи поради високите трошоци за живот, финансирање на одбраната со пари што биле наменети за образование и здравство и против војните во Украина и Газа.
- Собирите добија на масовност откако на генералниот штрајк на работниците им се придружија студенти и средношколци.
- Организаторите ветија дека демонстрациите ќе поминат без насилство, но властите ангажираа полициски зајакнувања за да ги следат протестните маршеви. Поставени се кордони на клучните локации како Колосеумот во Рим и Миланската катедрала.
- На чело на маршот во Торино, студентите истакнале транспаренти со пароли: „Секој кампус ќе биде барикада“. „Нема да плаќаме за војна“ и „Против војната и високите трошоци за живот – да ја запреме Италија“.
- Вршителката на должноста претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, го повика новоизбраното парламентарно мнозинство што е можно поскоро да воспостави владини институции и да ја преземе одговорноста за управување со земјата.
- Во своето прво јавно обраќање по вонредните парламентарни избори, таа повика на мир, почитување на Уставот и законот и рече дека насилството не треба да ги одредува политичките настани.
- Брнабиќ ги повика победниците на изборите да не го одложуваат формирањето на владата и да не дозволуваат „тепачи и насилници“ да водат политика.
- Како примери за насилство и притисок ги наведе нападите врз телевизиите Информер и Пинк, апсењето и притворањето на директорот на Јовината гимназија, Радивоје П. Стојковиќ, нападот врз јавното претпријатие Србијавода...
- Брнабиќ најави дека претседателските избори во Србија ќе се одржат најдоцна до 27 декември.