Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Украдени криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари

30 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Берзата Binance го запре тргувањето откако хакери украдоа повеќе од 6 милијарди долари. Ова е најголемата кражба на криптовалути во историјата и тежок удар за индустријата која се промовира како заштитена од хакерски напади.
  • Првичната истрага покажа дека нападот го извршила севернокорејска група преку компромитиран лаптоп на инженер во Binance. 
  • Од дигиталните паричници биле извлечени 6,3 милијарди долари, но берзата и нејзините партнери успеале да блокираат криптовалути во вредност од околу 3 милијарди долари, кои потенцијално би можеле да им ги вратат на сопствениците.
  • „Суспендирани се уплатите и исплатите. Средствата на корисниците се безбедни. Binance ќе ги покрие сите загуби од хакерскиот напад“, објави директорката на берзата, Ји Хе. Берзата е способна да ги покрие потенцијалните загуби преку своето осигурување и билансот.
  • Со нападот се заокружува „Црниот октомври“ - низата кибернетски напади откако модели со ВИ открија дупки во безбедносните системи на интернет.
  • Само неколку часа претходно берзата на предвидувања Полимаркет го паузира тргувањето поради хакерски напад во кој биле украдени 2,7 милиони долари од корисници.
  • Во 2025 година, хакери поврзани со Северна Кореја украдоа крипто во вредност од околу 1,5 милијарди долари од берзата Bybit.
извор

„Пишоња и Жуга“ од Италија се заиграле GTA 6 во живо

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Италијанската полиција ги пронашла двајцата малолетници кои украле минибус од депо во местото Ровиго и го возеле осум километри пред да изгубат контрола и да излетаат во канал.
  • Нема информации дали биле повредени.
  • Пред да го грабнат автобусот, искршиле стакла и ретровизори на десетина паркирани возила во депото.
  • Истражителите се убедени дека малолетниците се обидувале да имитираат ситуации од видео-играта „GTA 6“, која беше објавена истиот ден. 
извор

Москва отфрла квази-членство на Украина во НАТО

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Кремљ ги отфрла сите обиди на Западот да ѝ гарантира безбедносни гаранции на Украина според моделот за колективна одбрана на НАТО.
  • „Самата идеја за некаква формула за ‘квази-членство‘ на Украина во НАТО, како и потрагата по ’креативно решение‘ во таа сфера, е опција што за нас е неприфатлива. Кога зборуваме за безбедносни гаранции, пред сè мислиме на обезбедување на сигурноста на нашата сопствена земја“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
  • Францускиот претседател Емануел Макрон, по самитот во Берлин, изјави дека „повторно треба да се отвори“ прашањето за членството на Украина во НАТО.
  • Американскиот мировен преговарач Џаред Кушнер изјави дека заедно со Стив Виткоф успеале да ги убедат Русите да го прифатат концептот за безбедносни гаранции за Украина врз основа на Членот 5 од Алијансата, кој налага колективна реакција ако е нападната некоја членка.
  • „Нека ја сфатат неотповикливата природа на нашето барање оваа држава да не пристапува кон НАТО. Кога тоа ќе се случи, сметам дека ќе може да се разговара за безбедносните гаранции, на еден или на друг начин“, додаде Рјабков.
  • Тој исто така потврди дека се прават подготовки за можна посета на претставници од Британија, Германија и Франција, кои претседателот Путин ги покани во Москва да разговараат за форматот на идните преговори за безбедноста во Европа и за крајот на војната во Украина.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

По холандските проектили врз руски мост - руски дрон по холандска амбасада

2

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
3

Ѓаолот игра со ѓон!

Балканштина
4

Шуќур

Разно
5

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
6

Цензурата штотуку почнува, само сега ја викаат слобода

Мислења
7

Карерас, врати се!

Македонштина
8

Чеферин: Македонија повторно ќе игра на Европско првенство

1

По холандските проектили врз руски мост - руски дрон по холандска амбасада

2

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
3

Цензурата штотуку почнува, само сега ја викаат слобода

Мислења
4

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
5

„Пишоња и Жуга“ од Италија се заиграле GTA 6 во живо

6

Македонија единствена од Европа гласаше во ОН против помош за Палестинците

7

Како бирократијата стана европски начин на живот

Мислења
8

Трамп бара од Европа да престане ѝ дава пари на Украина

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Во Делчево веќе ништо не е исто

Балканштина

Ѓаолот игра со ѓон!

Разно

Шуќур

Македонштина

Карерас, врати се!

Македонштина

Како се победува „Безбеден град“

Медиуми

Добро е, сега имаме мислење и од нутриционист

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Два света

Енглези се прават Македонци

Ајде да се лечимо да нам очи сјаје

Каде, јеби га, да останат? И каде, уште појебига, да бегаат?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy