Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Оптимистите си личат, секој песимист е посебен

Мозочни активности кај оптимистите и песимистите го потврдуваат Принципот на Ана Каренина, кој Толстој го дефинира на почетокот на романот: „Сите среќни семејства се слични; секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“. Сличната бранова должина ги групира оптимистите во јадро на социјални групи, а секој песимист има сопствени стравови што го водат кон црно сценарио.

Кинезите градат нова најголема брана во светот

Кинеската хидроцентрала Три клисури ги собори сите рекорди според големината и произведената струја. На Кинезите и тоа им е малку, па сега градат нова брана на Тибет, три пати поголема. Вложија 167 милијарди долари за систем од пет брани и 20 тунели под планина. Индија и Бангладеш се жалат дека ќе останат без вода или може да бидат збришани ако Кина ги одврти вентилите.

Илјада агенти на ФБИ го бараат Трамп во досието на Епстин

Аналитичарка со дебели врски во ФБИ ги потврдува извештаите дека службеници во Вашингтон се ангажирани да го пребаруваат секое спомнување на Доналд Трамп во досието за педофилот Џефри Епстин. Прелистуваат 300.000 страници и водат дневник. На Трамп некако не му се сака, но и најзакоравените членови на МАГА го притискаат да ги објави целосните документи за Епстин.

Мајкрософт ќе нурне во септички јами за да си го исчисти образот

Мајкрософт ќе собира милиони тони човечки измет од канализации, животински лепешки и арски гној за да ги спакува длабоко под земја и така да добие прошка за ѓубрето што во воздухот го испуштаат огромните центри за податоци со кои се напојува вештачката интелигенција. Нема да ги извалка рацете, туку ќе ѝ плати на специјализирана компанија за безбедно складирање отпад.

Тифусот се враќа, посилен од порано

Од жаришта во Азија повторно на светот му се заканува тифусната треска, од која луѓето страдале со милениуми, сè додека не ја искорениле со едноставни апчиња. Бактеријата salmonella typhi сега покажува отпорност на речиси секој антибиотик што лекарите го користат против неа. Мутации се шират и се вгнездуваат во Африка, но и во земји со развиени здравствени системи како САД и Британија.

Пазете се од скениран рент-а-кар

Агенции за изнајмување автомобили сè почесто користат скенери со вештачка интелигенција што темелно го снимаат возилото и пронаоѓаат и најситни оштетувања. Гребнатинка на бандаж може да чини повеќе од изнајмувањето. Чаре нема. Корисниците немаат можност ни да се пожалат дека можеби им е накалемена туѓа штета. Слаба одбрана им се осигурувањето или снимањето на колата.

Психо го тепаше ЧетГПТ

Светското првенство на програмери во Токио ќе се памети како првиот и веројатно последниот натпревар на кој човек победил машина. Во конкуренција на 12 врвни програмери, ЧетГПТ бил на второто место. Како раната верзија на Дип блу, која загуби во првиот шаховски дуел од Каспаров. Велемајсторите денес немаат шанси против машини, но и не можат без нивна помош. Слично и програмерите.

Примивте ли Фајзер и гледате ли добро?

Научници откриле дека ковид вакцината на Фајзер може да води кон оштетување на окото и губење на видот. Во случаите кои ги следеле и мереле, двете дози на Фајзер доведуваат до здебелена рожница и помалку ендотелни клетки во окото. На краток рок ништо страшно, но ако ваквите ефекти траат подолго, може да настанат сериозни проблеми.

Кина гради центри за ВИ на морското дно

Со технологија „украдена“ од Мајкрософт, Кина прави чекор подлабоко во трката со САД за супериорност во развој на вештачката интелигенција. Hailanyun гради центар за податоци на дното на морето близу Шангај. Енергијата за процесорите ќе ја црпи од плантажа ветерници, а серверите ќе се разладуваат природно, со што ќе се заштеди 30% струја и милиони тони вода за ладење.

Крајот на Зеленски?

Повикувајќи се на извори во Вашингтон, упатениот пулицеровец Сејмор Херш пишува дека смената на Зеленски е прашање на месеци. Ако нејќе доброволно да си оди, ќе си оди со сила, велат неговите информатори кои се надеваат дека нема да мора ЦИА да биде вклучена во тој проект. Во меѓувреме Херш добил проценки за руските жртви досега. Страшно. Два милиона луѓе.

Британија со биткоини ќе ја пополнува дупката во буџетот

Соочени со невозможна мисија да пополнат дупка од 20 милијарди фунти во буџетот, британските власти разгледуваат како да ги продадат криптовалутите што полицијата ги запленила од криминални зделки и измами. Експерти ги предупредуваат лабуристите да не ја повторат глупоста на Гордон Браун, кој од државните резерви продаде 400 тони злато кога беше по најниска пазарна цена.

Прво квантно телепортирање преку интернет

Квантна состојба на светлина успешно била телепортирана на далечина од триесетина километри преку вообичаен оптички кабел за интернет, отповарен со бура од сообраќај со пораки, извештаи и клипчиња. Ова е далеку од телепортерот на Скоти од Стартрек или од транспорт на каков било предмет, но дозволува во обичен кабел да се вклучат компјутерите од идната генерација.

Европа полека бега од климатската агенда

Откако САД дефинитивно се повлекоа од Парискиот климатски договор, Европската Унија гордо се претставуваше како глобален лидер во зелената кауза. Не за долго. Комисијата на Урсула фон дер Лајен сега испраќа јасни сигнали дека се откажува од таа улога. Брисел прво ја разлабави границата за емисии на стакленички гасови, а сега крати зелени проекти за да издвои повеќе пари за одбрана.

Тулси Габард тргна по Обама

Директорката на американското разузнавање Тулси Габард побара кривично гонење на поранешниот претседател Барак Обама и на неговите најблиски соработници поради „велепредавнички заговор“ за дискредитирање на изборната победа на Доналд Трамп во 2016 година. Тврди дека дружината на Обама ширела непотврдени разузнавачки процени за руско мешање во изборите.

Тивка револуција се случува во математиката

Она што почна како збир на длабоки претпоставки за поврзување на апстрактните гранки на математиката, еволуираше во просперитетен, мултидисциплинарен напор што се протега од темелите на Теоријата на броеви до границите на квантната физика. Доказот на хипотеза од пред половина век создаде мрежа од идеи што веројатно ќе ја обликуваат областа во годините што доаѓаат.

Цената на вашата авио-карта ќе ја одредува вештачка интелигенција

Американскиот авио-гигант Делта има долгорочна стратегија да ги напушти фиксните цени и да се насочи кон индивидуализирано одредување цени со помош на вештачка интелигенција. Досегашното искуство им било „неверојатно поволно“. Застапник на потрошувачите ја споредува оваа тактика со „хакирање на нашите мозоци“.

Пукнатини во удобниот картел на ЕУ

Фон дер Лајен можеби преживеа, но нејзиниот режим се напрега под притисок од популистите и само е прашање на време е уште едно гласање за недоверба. Ако на крајот биде принудена да се повлече, тоа нема да биде затоа што демократијата одеднаш пристигнала во Брисел. Ќе биде затоа што нејзините колеги-членови на картелот го изгубиле трпението со нејзиното управување со режимот.

Германија ја губи трката во реалната куповна моќ

Растечките трошоци за живот во Германија сè повеќе ја намалуваат реалната куповна моќ на граѓаните и им го прават животот сè поскап. Ако се имаат предвид цените, посиромашни се дури и од Русите, кои водат војна, трпат санкции и имаат висока инфлација. Германските семејства најмногу се оптоварени од зголемувањето на кириите, кои во големите градови поскапеле за 27%. 

Веганското млеко не му е ни до колена на кравјото

Не само што веганското млеко не му е нутритивно еквивалентно на кравјото, туку и растителните суплементи може да предизвикаат токсиколошки проблеми, особено кај малите деца. Препораката од експертите е децата да пијат полномасно или полуобезмастено кравјо млеко. Оние на растителна основа се прифатлива алтернатива само ако се незасладени и збогатени со витамини.

Гугл им зарива нож во грб на медиумите

Пребарувачите и агрегаторите на вести на чело со Гугл направија империи со пренесување и сортирање на авторски новинарски содржини. Сега преминуваат на стратегија што егзистенцијално ги загрозува медиумите – нудат резиме составено со вештачка интелигенција за да обесхрабрат посета на оригиналниот извор на веста. Како курир што ја крие пораката и ја прераскажува.

Психоделични Американски Држави

Администрацијата во Вашингтон е на прагот да ја прифати иницијативата за одобрување на забранетите супстанции како ЛСД и екстази за третман на депресија, траума и други тешки состојби. Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди најави одобрување за 12 месеци. Тексас одобри проект за проучување на моќниот психоделичен ибогаин како третман за зависност од опиоиди.

Шпанија ја претрка Германија како главна дестинација за азиланти

Соборувањето на режимот на Башар ал Асад значително го намали бројот на баратели на азил во Европа. Германија повеќе не е дестинација број еден. Без бегалците од Сирија, ја претркаа Шпанија, Франција и Италија, во кои засолниште бараат лица од Латинска Америка, централна Африка и Средна Азија. Германија, сепак, се уште е европски рекордер според бројот на одобрени барања за азил.

Науката ја потврди исцелителната моќ на супата

Со испитувања, мерења и анализи, науката само го потврди она што одамна е врежано во многу култури, традиции и бабини совети низ светот – супата помага полесно да се оздрави од настинка или грип, па и од ковид. Анализа на десетици илјади записи и тестирања кај стотици доброволци покажале дека дејството на супата е особено ефикасно ако е топла, пилешка и ако е зачинета со лук.