Цената на вашата авио-карта ќе ја одредува вештачка интелигенција

Американскиот авио-гигант Делта има долгорочна стратегија да ги напушти фиксните цени и да се насочи кон индивидуализирано одредување цени со помош на вештачка интелигенција. Досегашното искуство им било „неверојатно поволно“. Застапник на потрошувачите ја споредува оваа тактика со „хакирање на нашите мозоци“.

Фото: ЕПА

Делта Ерлајнс ќе се потпира на вештачката интелигенција за дополнително да ги зголеми своите профитни маржи со максимизирање на она што индивидуалните патници го плаќаат за билетите.

„Ова ќе биде тотален ре-инженеринг на тоа како ќе ги одредуваме цените во иднина“, велат во компанијата . „На крајот, ќе имаме цена баш за вас, баш за тој лет, баш во тоа време“.

Тој ја спореди вештачката интелигенција со „супер аналитичар“ кој „работи 24 часа на ден, седум дена во неделата и во реално време  симулира каква треба да биде цената.“

Делта ќе го прави ова преку партнерство со Фечер, релативно млада израелска компанија која за клиенти веќе ги има Азул, ВестЏет, Вирџин Атлантик и ВиваАеробус.

И нема да запрат само на летање.

„Откако ќе се етаблираме во авиоиндустријата, ќе се префрлиме на угостителство, изнајмување автомобили, крстарења, што и да е“, рече коосновачот Роби Нисан.

Американските авио-компании досега поскромно ја користеа вештачката интелигенција. Јунајтед Ерлајнс за да ги контактира патниците за откажани летови а Американ Ерлајнс за да предвиди кој ќе го пропушти нивниот лет. 

Делта опслужува 325 дестинации во светот и оперира со 5.400 лета дневно. 

18 јули 2025 - 18:19