
Од сите замени за кравјо млеко за деца на возраст под пет години, веганските се издвоени како најштетни поради несоодветно внесување на некои микронутриенти, се предупредува во извештај на експерти за исхрана што ја советуваат владата на Британија.
Пијалаците од растително млеко - соино, овесно и бадемово млеко, станаа попопуларни во последниве години. Со нив, во организмот се внесува и штетни дози на шеќер. Ризикот кај децата е поголем.
Потенцијалната штета е помала ако се користат незасладени пијалоци од соино, овесно и бадемово млеко и ако се збогатени со витамин А, рибофлавин, витамин Б12, калциум и јод на слични нивоа како оние во кравјото млеко, а исто така и со витамин Д, наведуваат Научниот советодавен комитет за исхрана (SACN) и Комитетот за токсичност на хемикалиите во храната.
Децата до петгодишна возраст на кои родителите им наметнуваат вегански режим на исхрана и кои консумираат многу соја, спаѓаат во категоријата „потенцијална токсиколошка загриженост“. За овие деца поголема е веројатноста дека внесуваат големи количества од природното соединение изофлавон, кое ги имитира ефектите на естроген во телото. Ризикот може делумно да се ублажи ако децата примаат протеини од различни извори, а не само од соја.
Најсоодветната алтернатива на кравјото млеко варира во зависност од возрасната група, пошироката исхрана и здравствените проблеми. На децата со вегански режим на исхрана треба да им се понуди широк спектар на протеини, за да се избегне високо внесување на изофлавони поврзани со сојата, предупредуваат експертите.
******
Види и: Веганско гледа, сол вади