Илјада агенти на ФБИ го бараат Трамп во досието на Епстин

Аналитичарка со дебели врски во ФБИ ги потврдува извештаите дека службеници во Вашингтон се ангажирани да го пребаруваат секое спомнување на Доналд Трамп во досието за педофилот Џефри Епстин. Прелистуваат 300.000 страници и водат дневник. На Трамп некако не му се сака, но и најзакоравените членови на МАГА го притискаат да ги објави целосните документи за Епстин.

Приватни контакти од ФБИ ѝ потврдиле на правната аналитичарка Алисон Гил дека близу илјада луѓе ги прегледуваат досиејата за Епстин и добиле инструкции да го пронајдат и да го обележат секое спомнување на актуелниот претседател на САД во документите. 

Во последните 24 часа добив неколку пораки, вклучително и од поранешен аналитичар кој беше назначен да ги прегледа документите. На задачата се назначени приближно 1.000 лица од Одделот за управување со информации (IMD) и од Теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк, пишува Гил.

Таа добила потврда и дека постои дневник во кој се запишуваат спомнувањата на Трамп во приближно 100.000 документи на вкупно 300.000 страници. На поединечни аналитичари им било кажано да ги означат спомнувањата со шифрата на документот и бројот на страницата и да ги евидентираат во табела во Excel. По работа од 24 до 48 часа, треба да ја ажурираат табелата и да му ја предадат на човекот од следната смена.

Процесот на прегледување на досиејата на Епстин и Максвел беше хаотичен, а наредбите постојано се менуваа - понекогаш и секојдневно. Имало најмалку четири различни инструкции за преглед. Еден извор ги опиша како „режим на целосна паника“, пишува Гил.

Паниката предизвикала пукнатини во федералната операција. Многу агенти поминале повеќе време чекајќи нови инструкции отколку што обработувале датотеки. 

Датотеките биле складирани на заеднички диск до кој секој во одделот можел да пристапи. Пристап вообичаено имаат само на оние што работат на проектот, но поради избрзаните активности, ограничувањата не биле во сила, додава Гил.

Ова ги оставило датотеките на Епстин и неговата партнерка Гислејн Максвел отворени за преглед од многу поголема група луѓе отколку што се претпоставувало. Преку небезбеден канал биле испраќани и видеата за обуки како да се пребараат и да се означи секое појавување на Доналд Трамп во досиејата.

Од своите извори Гил не добила информации дека документите досега содржат инкриминирачки податоци за Трамп.

Потврдено е дека неговото име било спомнато барем еднаш, а веројатно го има и уште неколку пати. Но, дневникот постои, вели Гил.

Администрацијата на Трамп првично најави дека ќе го објави списокот клиенти на сексуалниот предатор, но пред две недели соопшти дека таков список немало. По жестоките критики од јавноста, Трамп попушти и побара од обвинителството да ги објави сите кредибилни податоци. Задачата ѝ ја префрли на главната обвинителка Пем Бонди, која во февруари тврдеше дека „го има списокот на својата работна маса“.

******
Види и: Трамп побара да се објави сè за Епстин

Како тргнало, можеби Епстин воопшто не постоел

21 јули 2025 - 16:16