
Министерството за правда и Федералното биро за истраги во заедничко соопштение објавија дека при темелна истрага не е пронајдена инкриминирачка „листа на клиенти“ на озлогласениот сексуален престапник Џефри Епстин. Заклучува дека во 2019 година тој починал во федерален затвор како последица на самоубиство.
Официјалниот документ дека Епстин не водел листа на клиенти на кои им местел сексуални услуги со малолетни девојчиња за да може да ги уценува е радикално повлекување од наративот што некогаш го промовираа членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Државната обвинителка Пам Бонди во интервју за Фокс њуз тврдеше дека таков документ „ја чека на работната маса за да го прегледа“.
Во меморандумот од Министерството и на ФБИ се наведува дека во претреси во домот на Епстин и во неговите компјутери било пронајдено големо количество фотографии и и снимки на злоставување деца и друг порнографски материјал. Потврдено е дека Епстин им нанесол штета на повеќе од 1.000 жртви, за кои бележел детали, како имиња и физички опис, место на раѓање и врски.
Систематската истрага не откри инкриминирачка „листа со клиенти“. Немаше ни кредибилни докази дека Епстин уценувал истакнати лица ниту докази што би поттикнала истрага против трети страни, се наведува во документот.
Во делот за неговата смрт, се забележува дека Џефри Епстин извршил самоубиство во својата ќелија во поправниот центар Метрополитен во Њујорк на 10 август 2019 година. Овој заклучок е во согласност со наодите од обдукцијата и со истрагата на федералните затворски чувари. На десетте часа снимки од камери за надзор во затворот било забележано дека никој не влегол во ќелијата на Епстин на денот кога починал.
Со големо разочарување и гнев реагираше јавноста, која освен деталите за списоците и смртта на Епстин, очекуваше и докази за владино прикривање на скандалот.
What’s the time? Oh look, it’s no-one-has-been-arrested-o’clock again … pic.twitter.com/CO9xJz68Tf
— Elon Musk (@elonmusk) July 7, 2025
Милијардерот Илон Маск објави нули, што ги опиша како „официјалниот бројач на уапсени педофили на Епстин“. Само неколку дена по напуштањето на функцијата во Белата куќа, Маск тврдеше дека и претседателот Доналд Трамп бил на „списокот на клиенти“ уценувани од Епстин и објави нивна заедничка снимка на забава. Набрзо потоа ја избриша објавата.
In 1992 Trump partied with Jeffrey Epstein. Just gonna leave this here: pic.twitter.com/eUFm7cGVab
— Natalie F Danelishen (@Chesschick01) June 5, 2025
Влијателниот теоретичар на заговори Алекс Џонс го оцени заклучокот како „одвратен“.
Следно, Министерството за правда ќе каже: „Џефри Епстин всушност никогаш не постоел“, порача Џонс.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја бранеше „исцрпната истрага“ на Министерството за правда. Коментирајќи ја изјавата на обвинителката Бонди, таа објасни дека „таа говорела за поширока колекција на досиеја за Епстин“.
Ова не мириса добро, изјави за Дејли бист Ентони Скарамучи, поранешен директор за комуникации на Белата куќа.
Тој е убеден дека Епстин чувал компромитирачки материјал за своите моќни пријатели, но се сомнева дали навистина имал „список со клиенти“.
******
Види и: Џефри Епстин во Белата куќа бил како дома во време на Клинтон
Случајот со Џефри Епстин допрва се комплицира
Бил Гејтс го дружел Епстин за Нобелова награда, не за женски
Батали заговорите, фактите околу смртта на Епстин се многу полоши