Случајот со Џефри Епстин допрва се комплицира

Не само што во приватниот календар на Брајан Епстин беа најдени интересни имиња како што е екс директор на ЦИА и стариот Ноам Чомски туку надлежниот американски судија конечно подобјасни зошто не ја отфрла тужбата против Дојче Банк и ЈП Морган и Чејс.

ЈП Морган (компанија вредна 414 милијарди долари) би можела да одговара за тужбите од жените кои биле сексуално злоупотребувани од Брајан Епстин доколку се докаже дека поранешниот извршен директор на компанијата, Џес Стејли, од прва рака знаел дека Епстин се бави со трговија на малолетнички за секс.

На таа тема постојат две тужби против ЈП Морган и Дојче банк а постои и тужба од Девствените острови каде Епстин злоупотребувал девојки на својот луксузен имот на островот Литл Сент Џејмс.

Во посебен случај, ЈП Морган бара од својот поранешен директор Стејли да ги покрие трошоците од тужбите со кои се соочува и да ја врати неговата осумгодишна плата од компанијата.

Во тужбата на Девствените острови се наведува дека Епстин и Стејли разменувале сексуално сугестивни пораки, меѓу кои и меилот кој го цитираше судијата во кој, меѓу другото, директорот на ЈП Морган му пишува на неговиот домаќин:

„Баш беше забавно. Поздрави ми ја Снежана“.

Во меѓувреме, Вол Стрит Журнал обелодени содржини од приватниот календар на Епстин кој досега не беше познат а во кој се наведени реализирани или закажани состаноци со екс директор на ЦИА и поранешен амбасадор во Москва Вилијам Барнс, интелектуалецот Ноам Чомски, Вуди Ален, главниот адвокат на Голдман Сакс и други. 

Некои од нив се имаат сретнато со Епстин откако тој во 2008-ма беше регистриран како подведувач на девојки и отслужи затворска казна за сексуално малтретирање на 14 годишно девојче. 

Неговата смрт во 2019-та година во затвор во Њујорк е заведена како самоубиство во што ретко кој верува бидејќи тоа се случи веднаш штом беше изваден од таканаречениот режим на „Suicide watch“ и ставен во ќелија со цимер.

Под новиот затворски режим Епстин требало да биде проверуван на секои 30 минути. Баш тогаш го немале проверено 3 часа.

2 мај 2023 - 09:00