Речиси сите посети на Епстин биле во Западното крило, што значи дека се среќавал со претседателот на САД.
Епстин влегува во Белата куќа по покана на некои од највисоките советници и соработници на американскиот претседател, меѓу кои Роберт Рубин, идниот министер за финансии на Клинтон.
Посетите на Белата куќа се случуваат во истата временска рамка кога главната соработничка Гислејн Максвел регрутирала малолетни девојчиња за Епстин.
Максвел моментално е на судење дека била главна во обезбедување на малолетнички за Епстин во периодот до 1994 до 2004.
За време на судењето на Максвел, поранешниот пилот на приватниот авион на Епстин тврди дека во авионот во различни термини летале и Бил Клинтон и Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, Крис Такер, Кевин Спејси и уште неколку американски сенатори. Тој исто така потврдил дека сретнал една од девојките за кои обвинението тврди дека имала само 14 години кога Епстин почнал да ја злоупотребува.