Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Папата само се однесува како Папа

Иако во споредба со претходниот Папа, кој изгледаше како негативец од Дизни цртан, денешниот за кратко време стана ѕвезда и ја шармираше светската јавност, тој сепак не прави ништо поразлично од она што црквата го прави со векови, само се адаптира на новите случувања во светот.

Сестра Тереза, радикалната калуѓерка

Жената која претставува една од највлијателните јавни левичарски интелектуалки во Европа има неколку барања, од кои ниту едно религиозно, нејзината борба е - независноста на Каталонија, национализација и средување на јавните трошоци.

Обожавате месо? Киви!

Нејќеме да менуваме ничии прехрамбени навики, особено не на идеолошко блиските месојадци. Кивито е за онаа покајничка фаза кога си викате: Свињо, не требаше толку....

Што ќе бидеш кога ќе пораснеш

За сите кои мислат дека можат паметно да ја смислат својата (или на своите деца) професионална кариера: за само 20 години, за 45 проценти од денес постоечките работни мести нема да бидат потребни луѓе.

Колку твитови се потребни за љубов?

Анализа на онлајн врските покажала дека Твитер е најпопуларен начин за ќарување на потенцијалниот партнер, а по него следуваат пораките, па телефонските разговори.

Инстаграм хотел

Хотел во Сиднеј им нуди бесплатен престој на сите Инстаграм корисници кои имаат над 10.000 следбеници, во спротивно за сите останати собата чини 140 долари од вечер.

Фајт за К2

Последниве години апсолутен бестселер меѓу витамините е витаминот К. И тоа оној со реден број 2. Што е финтата?

Истоштената суперсила

Улогата на САД низ светот се повеќе се намалува, ама не начин на кој Американците треба да се радуваат, смета Њузвик во свoето најново издание.

Не, Војаџер 1 не го напушти Сончевиот систем

Главниот проблем со вчерашната вест е што НАСА никогаш не ни спомна дека Војаџер 1 го има напуштено Сончевиот систем, во најголем дел заради тоа што тие не ни очекуваат Војаџер 1 некогаш во своето постоење да успее да излезе од Сончевиот систем.

Најпаметната маркетинг кампања

Ќарот што Гугл и Нестле (КитКат) можат да го имаат од меѓусебната соработка е неверојатно голем. Без разлика дали некој некому ќе му даде пари, зделка со ваква комбинација може да не се повтори во следната деценија, па дури и век.

Фидел Кастро многу e по Аце

На чинарот на кубанската револуција драги му се и Хозе Марти, Маркс, Ленин и Наполеон ама никој не му е близок до срцето колку освојувачот од Македонија. До толку близок што три сина има крстено по него.

Колумнизмот на Владимир Путин

Конзервативците бесни што Њујорк Тајмс отстапил место на руски претседател да им соли памет за Сирија. А Путин одамна им фрла коски на западните медиуми кои овие со задоволство ги објавуваат. Што да се прави кога човекот пишува добро.

Џ.К. Роулинг се враќа во светот на Хари Потер

На инсистирање на Ворнер Брос ($$$) Џ.К. Роулинг ќе го има своето сценаристичко деби со филмот "Fantastic Beasts and Where to Find Them," инспириран од истоимениот учебник од Хогвартс. Уште подобро е што ова ќе биде прв филм од серијал.

Колку индустријата би ја наплатила војната во Сирија?

Тоа што моментално работите изгледаат ведро околу Сирија (барем околу странска интервенција), не им пречи на 6 американски воени бродови товарени со стотици ракети да причекаат во Медитеранот.

Преведувач за в џеб

Покрај парите, јазичните бариери веројатно се едни од побитните причини поради кои Македонците се снебиваат да шараат малку почесто низ светов. 'Сигмо' го решава тој проблем. Ваш личен гласовен преведувач, сместен во мало кутивче.

Колумната на Путин за Њујорк Тајмс

Неодамнешните настани околу Сирија ме натераа да му се обратам директно на американскиот народ и неговите политички лидери. Ова е важно да се стори во време на недоволна комуникација меѓу нашите две општества.

Мариса Мајер: ако зуцневме за НСА ќе завршевме во затвор

ЦЕО-то на Јаху доби поддршка од Марк Закерберг, против критичарите кои тврдат дека технолошките компании направиле премалку за да го спречат шпионирањето од страна на НСА. Мајер претходно откри дека сите директори што ќе објавеле владини тајни ги чекала затворска казна.

Норвешка заглави во криза со вишок пари

Скандинавците моментално работат на наоѓање начин како најдобро да ги потрошат парите од продажба на нафта, не затоа што им фалат пари, туку затоа што имаат повеќе отколку што знаат што да направат со нив.

50% од сите плати, кај 10% од сите луѓе

Половина од сите пари што минатата година во САД биле дадени за плата, бонуси, додаток за јадење и сл. завршиле кај 10% од најбогатите американски семејства.

Најдеталната приказна за отпуштањето на Стив Џобс

На конференција на Форбс (Global CEO Conference) во Бали, пред 400-те најмоќни луѓе на светот, меѓу кои и 50 азиски милијардери, поранешниот ЦЕО на Епл, Џон Скали, раскажа како Стив Џобс добил отказ од компанијата што ја создал.

Земјоделие накалемено со садо-мазо

Самохрана мајка има две деца и фарма што не успева да стигне да ја работи. И текнува дека на светов постојат мазохисти кои се спремни и да платат за да бидат малтретирани. Пријавените срцки завршуваат полуголи, на орање.

Јадете тенџериња

Шеќерот е полош од хероин, чоколадото е полошо од сè што може да замислите, во водата има отров за глувци и практично многу сме глупи што дишеме, вели кралот на на тенџерињата Филип Цептeр во налет на ширење страв од сè што e околу нас.

Доаѓа ера на изнајмување

Ние му се чудевме на паметот на оној што решил да го изнајмува Булевар Србија, а тој да ти бил авангарда. Изнајмување, споделување, тоа се новите ветришта во потрошувачките општества.

Менаџерот на ѕвездите на интернет мемето

Како што најголемите ѕвезди во светов имаат свои менаџери, така и Грампи кет, Скамбег Стив и Ridiculously Photogenic Guy, имаат човек кој се грижи за нив.