50% од сите плати, кај 10% од сите луѓе

Половина од сите пари што минатата година во САД биле дадени за плата, бонуси, додаток за јадење и сл. завршиле кај 10% од најбогатите американски семејства.

Сред рецесија за прв пат во историјата минатата година приходите на најбогатите 10% од Американците ја надминале границата од 50% од вкупните приходи.

Просечните приходи (од 2009-та до 2012-та) на најбогатиот 1% пораснале за 31,4% додека кај останатите 99% приходите пораснале за само 0,4%, стои во анализата од Brookings Institution.

"Резултатите покажуваат дека Големата рецесија само привремено влијаеше на приходите на најбогатите и таа нема да има никакво влијание на драматичниот скок на нивните приходи кој започна во 70-те години," објаснува професорот од Беркли, Емануел Саез, кој правеше анализа на платите во САД во последните 100 години.

11 септември 2013 - 18:47