"Секое вдишување, секое парче храна и секоја чаша вода нè водат кон самоубиство," изјавил ростфрај магнатот Филип Цептер, порано познат и како Милан Јанковиќ, претставувајќи ја во Белград својата нова колекција садови за домаќинство.
Според него, најлоша е водата. Во неа има натриум хлорид кој се користи како отров за глувци а и половина од амабалижарната вода содржела нешто што предизвикува рак. Во набројуванките на штетните последици од водата се спомнува и слепило, оштетување на мозок и друго.
Нормално, неговата фирма продава пречистувач за вода кој ги решава овие стравови.
Според Цептер, оној што зема чоколадо треба да знае дека си го скратува животот за три дена. И не само тоа туку во наредните 20 години ќе биде и болен и помалку интелигентен.
"Ставете чипс на рака, врзете го и за 24 часа ќе имате рана на раката," предлага човекот кој има филијали во 40 земји и кој отворено вели дека во неговата компанија не смеат да работат дебели луѓе.
Како последна пикантерија од неговата тирада против стандардната храна и вода го спомнуваме тврдењето дека во еден мал јогурт има 7 лажици шеќер.
Можеби затоа толку слатко оди со бурек.