"Сите држави околу нас се присилени да ги намалуваат трошоците. Наш најголем проблем е во тоа што нашето богатство е толку големо што постои опасност во празно да го трошиме ако проектите не ние се доволно исплатливи," објаснуваат од најголемата банка во Норвешка, DNB.
Норвежаните од 90-те решаваат сите пари од продажбата на нафта да ги вложуваат во посебен фонд, кој долгорочно треба да ја стабилизира економијата на земјата. Фондот парите ги вложува во акции, обврзници и недвижнини, а за да се избегне "прегревање" парите најчесто се инвестираат надвор од Норвешка.
Денес тоа е најголемиот државен фонд на светот и моментално во него им 750 милијарди долари, пари кои Норвежаните (генерално) во секое време можат да ги потрошат за што сакаат.
"Генерално" затоа што уште на времето мислеле за растот на фондот, па имаат правило дека ниту една влада од него нема да може да извади повеќе од 4% годишно, со цел израмнување на буџетот.
Уште еден проблем што им го прави вишокот пари е што земјата има речиси целосна вработеност, а платите во индустријата се во просек околу 70% повисоки отколку во останатите европски држави, ова директно ја поткопува конкурентноста на извозните производи на земјата.
Заради ова е и нивниот страв дека приливот на пари од нафта би можел да има катастрофални последици на вработеноста и економијата во земјата.