Фајт за К2

Последниве години апсолутен бестселер меѓу витамините е витаминот К. И тоа оној со реден број 2. Што е финтата?

Продажбата на витамински додатоци кои содржат К2 во последниве 4 години пораснала за 183 проценти. Во истиот период, обичниот К, познат и како К1 забележал далеку поскромен пораст од 96 посто.

Витаминот К има неколку битни функции за нашиот организам. Првенствено за засирување на крвта и за јакнење на коските. На возрасни луѓе им треба приближно 0.001mg дневно за секој килограм нивна тежина. 

Најмногу го има во спанаќот и брокулите, растителните масла и нешто малку во пилешкото и млечните производи. Претерување со дозата не е на арно.

На новорoдeнчиња со дефицит на витаминот К им се дава инекција за да се спречи некое внатрешно крварење. А последнава популарност на витаминот веројатно се должи на втората функција, околу коските.

Последните истражувања покажале дека од овој витамин имаме повеќе ќар отколку што сме мислеле.

К1 има краток живот и се чисти од организмот за 8 часа. К2 е далеку подолготраен и е активен во крвта цели 72 часа. И е генерално добар за кариоваскуларниот систем бидејќи го усмерува калциумот таму каде што треба, кон коските, наместо кон крвните садови и органите.

Разумните медицинари потсетуваат дека сите тие популарни витамиски додатоци можат да испратат погрешна порака: дека можеме да јадеме глјпости а потоа да го избаналнсираме здравјето со витамински додатоци.

А не можеме.

14 септември 2013 - 10:36