„Ксенотрансфузија“ е пренесување крв од вените на еден вид во друг, најчесто помеѓу не-човечко животно и човек. Ова било мода во 1660-тите во Париз, кога најбарана крв била онаа од физиолошки и морални чистите козички и јагниња.
Проѕирните, „стаклести“ жаби можат да кријат 89% од црвените крвни зрнца во својот црн дроб. Подеталното истражување на тоа како тие го постигнуваат ова без да добијат згрутчување на крвта, може да помогне во третман на истото кај човечки пациенти.
Голем број деца од поранешниот СССР пораснале со слаткиот но и по малку металниот вкус на чоколадни плочки под име „Хематоген“. Без тие и нивните родители да знаат што има во нив.
„Црн хоризонт“, која се отвара утре, 9.02 во Шарлероа, Белгија, е дело на двајца Руси - Ерик Булатов и Андреј Молодкин, кои на овој начин протестираат против пропагандните машинерии од која и да е земја.
Во Калифорнија е отворен стартап за бизнис кој планира да продава крв од млади луѓе на оние кои веруваат дека на тој начин можат да го сопрат стареењето. Клиенти: стари вампири.
Во 1991, контроверзниот скулптор Марк Квин, познат и по 18-каратната златна статуа на Кејт Мос, почнал да изработува автопортрет, и тоа од 4,5 литри сопствена, замрзната крв. До денес има направено четири верзии.