Наводно, меѓусебното разменување крв не е по вампирски стандарди и заедницата на саморпогласени вампири порачува дека си има процедури за тоа да биде безбедно. Колку треба да имаш пролупано за заедница на самопрогласени вампири да те предупредува дека се глупираш?
Да се потсетиме: во интервју со британски Гламур, Меган потврди дека навистина си ја пиеле крвта со МГК, ама „не со претерување“.
„По неколку капки, ама да, си ја конзумираме меѓусебно крвта, само за ритуални потреби.“
Сподели и дека таа е поумерена, и дека внимава, додека тој бил спремен да ги исече градите со стакло и да ѝ вика „Земи ми ја душата“.
Извесен Белфазар Ашантисон, ко-основач на Вампирската асоцијација на Њу Орлеанс и уште еден, Отец Себастијан, основач на Вампирски бал на бескрајна ноќ (сѐ е ова озбилно) изразија загриженост за безбедноста на овие ритуали.
Според Ашантисон, важно е да се „преземат мерки“ пред да се споделува крв - анализи на крв и проверки за болести. А според Отец Себастијан, крвта треба да ја извади медицински професионалец и не, не препорачува сечење со стакло.
Се разбира, ние не знаеме какви чекори преземаат Меган Фокс и МГК, и можеби тоа со стаклото е претерување, но знаеме дека многу парови имаат свои перверзии, па немаат желба да кажуваат детали по медиуми. Може и за тоа треба да се размисли.
Во меѓувреме, им посакуваме на сите вљубени безбедно споделување крв. Може не е толку секси медицинска сестра да ти ја извади, за ти после да си бркаш работа со партнерот, ама ваљда и вампирската заедница по нешто знае.