Компанијата се вика Амброзија ЛЛЦ и веќе има стотина клиенти заинтересирани заинтересиирани за нивната терапија со тинејџерска плазма.
Третманот чини околу 8.000 долари и се потпира на едно недоистражена теорија наречена парабиоза според која крвта од млади лица може да предизвика сопирање на процесите на стареење и да доведе до подмладување на организмот.
Горна возрасна граница на донорите е 25 години (чија крв ќе се откупува за пари) а долна на примателите е 35, иако во Амброзија велат дека досегашните пријавени се главно пензионери.
Зад Амброзија стои 31 годишиот претприемач Џеси Кармазаин кој не гарантира успех на неговата терапија но вели дека оние кои можат, треба да пробаат.