Човекот се вика Бен Лашес има 34-години и напуштил музичка кариера (имал договор со Колумбија рекордс) за да може да се посвети на ликовите од интернет.
Професионалниот пресврт се случува кога тој се запознава со Чарли Шмит, локален уметник и семеен пријател на Лашес кој во 1986-та снима видео кое подоцна ќе стане ЈуТјуб хит, Keyboard Cat. Токму тоа што Чарли не може да се снајде со мачката, било причината Лашес да се фати со работата на менаџирање на интернет ѕвезди.
По некое време работејќи како менаџер на Keyboard Cat, тој е контактиран од авторот на Nyan Cat. За цртаната мачка тој изработува цела серија на најразлични производи (маички, чаши...).
Тој полека работи и на општото промовирање на терминот меме, "па сега водителите на вести не мораат ниту да објаснуваат што е тоа меме."
Лашес работел и со Ребека Блек на Фрајдеј, по што почнува да контактира и со други интернет ѕвезди или ликови од мемиња. Меѓу неговите клиенти е и Скамбег Стив (вистинско име Блејк Бостон), кој со помош на Лашес објавува и рап албум.
За сега негов најголем клиент е Грампи кет (која има сопствен бренд на кафе), со која постојано има ангажмани по најразлични емисии на телевизија.