Потрошувачкото општество досега беше тесно поврзано со концептот за сопственоста. Американците, како најголеми конзументи на планетава со 2,8 автомобили по семејство и повеќе тв уреди од луѓе ја менуваат таа парадигма: да уживаш во сите благодети на новото доба без да ги поседуваш.
Десетици успешни компании ја возат оваа приказна на економијата на споделувањето: ParkatmyHouse дава можност да го изнајмите своето домашно паркинг место на оние кои се спремни да платат за него а Lyft, Sidecar и Uber на луѓето без кола им нудат шанса преку апликација да најдат во близина човек кој сака да ги вози некаде.
Преку Preko RelayRides и Getaround може да се рента нечиј приватен автомобил а да не се оди во рент-а-кар компанија, Boatbound го прави тоа за чамци и бродови а Desktime има канцелариски простор.
Њујоркер пишува дека можеби нема да бидед далеку денот кога ќе може да изнајмите место на нечиј тросед во дневна за да погледате телевизија.
Економијата на споделувањето има сосема едноставна и јасна логика. На луѓето им требаат постоечките сервиси и гаџети но не мора да ги поседуваат бидејќи во околина тие веќе постојат и не се доволно искористени. На пример, еден автомобил во САД просечно се вози само по еден час дневно, што му остава доволно време на сопственикот со изнајмување "да му ги извади парите".