Доколку нешто не тргне по сегашниот план и Обама нареди напад, (за почеток) овие бродови ќе го истурат својот арсенал врз Сирија, сето ова Пентагон ќе треба да го надополни купувајќи муниција од компании како Рајтеон, Боинг, Локхид Мартин и Нортроп Груман.
Сириската авијација веројатно ќе биде првото нешто што САД ќе го нападне. Според експертите најверојатно е ова да се изврши со три типа на проектили: Томахавк, JASSM (Joint Air to Surface Standoff Missiles) и JSOW (Joint Standoff Weapons).
Томахавките чинат 1,4 милиони долари од проектил, JASSM е поевтин и чини околу 900.000 долари, додека цената на JSOW се движи околу 285.000 долари.
Според ДифенсЊуз, првите неколку недели од американската интервенција во Либија чинешa околу 600 милиони дoлари, над половина од овие (340 милиони) биле потрошени за надополнување на муницијата.
Споменатите проектили ги произведуваат две компании - Рајтеон (Томахавк и JSOW) и Локхид Мартин(JASSM).
Во декември Пентагон му плати 254 милиони долари на Рајтеон за нови Томахавк проектили, a само шест месеци претходно компанијата доби договор од 337,8 милиони долари за надополнување на арсеналот. Во јуни Пентагон на истата компанија и плати 80 милиони долари за нарачка за поевтините JSOW проектили.
Во јуни 2012-та, Локхид Мартин доби 241 милион долари за 221 JASSM проектил. Деновиве Пентагон се надополни со уште 9 вакви проектили.
Во сите овие пари што Пентагон ги плаќа не е вклучен транспортот на проектили, платите на војниците кои треба да ги одржуваат, инвестициите во техничка поддршка за нив и сл.