Ова егзотично овошје содржи уникатен елемент кој не постои во ниедна друга храна а исклучително ефикасно помага во дижестирањето на месото, рибата и другите протеински оброци.
Се работи за ензимот актинидин кој и сам, без помош на останатите ензими со слична функција правел чуда во преработката на протеините.
Сознанијата за бенефитите од кивито после обилните оброци се објавени во стручен часопис при што се заклучува дека и само едно киви (во одредени кругови познато како кива) е доволно да се олесни чувството на надуеност на стомакот после месниот оброк. Им помага и на оние кои имаат проблеми со варењето сирење, јогурт, туна и јајца.
Само со едно киви по јадење, протеините се апсорбираат поефикасно а стомакот се празни побрзо. Патем, кивито има повеќе витамин Ц од портокалот.
Само што не е мал бројот на оние кои се алергични на ова зелено овошје.