Земјоделие накалемено со садо-мазо

Самохрана мајка има две деца и фарма што не успева да стигне да ја работи. И текнува дека на светов постојат мазохисти кои се спремни и да платат за да бидат малтретирани. Пријавените срцки завршуваат полуголи, на орање.

На огласот на 35-годишната Австријка, која се преставила како доминатрикс, одговориле 15 луѓе, од кои само двајца или тројца ја прифатиле понудата.

Иако целата работа на хартија би требало да функционира совршено, во пракса муштериите сфатиле дека на крај ти платиле пари за да работат на нива.

"Наместо да уживаат во слаткото задоволство од болката, тие завршиле како работници на фарма, каде голи сечеле дрва или ја коселе тревата носејќи црни фетиш маски. Во основа тие плаќале за привилегијата да работат на фарма," пишува Шпигел.

Се на се тие на фармата минале речиси цела недела, пред да сфатат дека се измамени и да решат да го остават алатот. Не е познато колку пари чинел ангажманот.

Жената, која се решила на ова откако по разводот останала без пари, сега е обвинета по основа на нелегална проституција.

11 септември 2013 - 14:13