Анализирајќи преку 700 денешни занимања, група футуролози изготвија извештај по кој речиси половината од актуелните професии ќе бидат целосно компјутеризирани за само две децении од сега.
Според нивното сценарио, ваквата масовна компјутеризација ќе се одвива во две фази.
Први ќе паднат ранливите области како што е транспортот/логистиката, производниот труд и административната поддршка.
Се проценува дека по овој бран ќе дојде до извесен застој во замената на луѓето со компјутери бидејќи ќе биде достигнато тн технолошко плато.
Но, потоа следи вториот бран, помогнат од очекуваните напредоци во вештачката интелигенција кој ќе направи пресврт и во позициите на менаџерите, научната заедница, инжинерството и уметноста.
За само 20 години! Кај нас, нечепнати ќе останат веројатно само оние од државната администрација. Не дека тие не можат да се заменат со компјутери туку зашто кај тие работни места - не е тоа финтата.