Втора основа за бесплатен престој е да направиш некоја феноменална фотка од хотелот додека престојуваш во него.
Името му е 1888 Hotel, има пет ката, а елементите во него се бирани за да бидат "вредни за инстаграмирање" пред да бидат ставени во објектот.
Крстен е по годината во која Кодак ја пушта во продажба својата прва камера кутија, а низ целиот хотел има бесплатно ВиФи и по еден Ајпад во секоја од 90-те соби.
На самиот влез од хотелот има место за правење "селфи" од каде гостите можат да пуштат фотографија од чекирањето во хотелот, а направен е и дигитален мурал од Инстаграм фотографии.
На хаштагот #1888hotel на Инстаграм може да ги погледнете фотките од хотелот.