Истражувањето од Pixmania.com покажало дека сега на паровите им требаат 224 твитови, 163 пораки (смс, вибер, вотсап), 70 Фејсбук пораки, 37 мејлови и 30 телефонски разговори за да се заљубат.
Додека на младите парови (до 25 години) им се потребни помалку од еден месец за да почнат да се ословуваат меѓу себе со дечко и девојка, на генерацијата на нивните родители (55 и нагоре) во просек им требаат над два и пол месеца за да дојде до ова.
Леснотијата на комуникацијата им олеснува и на паровите побрзо да го направат вториот контакт, па наместо правилото за 3 дена чекање по првиот состанок, денес тие се доволно уверени да му пишат порака на својот партнер и по 4 часа по успешниот прв состанок.
Сепак бркањето преку Твитер, најчесто завршува и со раскинување преку Твитер, па околу 40% од испитаниците признале дека раскинале со своите бивши преку порака или некој од социјалните медиуми.