Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Толку од интернет неутралноста

Американскиот апелационен суд ја префрли слободата на интернетот во рацете на неколку супер моќни и супер лакоми компании. Провајдерите ќе можат да ги гузат корисниците како ќе им се ќефне.

Нејќе гром во Американец

Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови.

23 мапи за подобро да го разберете светот

За да не мора многу да збориме, а сепак да се разбереме, една компилација од мапи која би требало да ви разјасни некои работи околу Земјата.

Екс-вегетаријанци за моментот кога пак пробале месо

Нова година е редовниот период за давање ветувања пред самиот себе кои никогаш нема да бидат исполнети. Дека прекршувањето на зборот не е толку лошо (а некогаш може да биде и фантастично добро) покажуваат сведоштва на неколку вегетаријанци кои решиле да се вратат кај месојадите.

Гугл купи компанија за термостати за 3,2 милијарди долари

Веројатно и не можеше повеќе да ја поедноставиме феноменалната работа што ја имаат создадено луѓето од Нест. Станува збор за компанија која произведува уреди за дома (како термостати и детектори за чад) кои се поврзани и се контролираат преку интернет.

Тужба за премногу клоци во глава

Најк доби тужба од еден (сега веќе осуден) макро, затоа што на своите патики не ставиле предупредување дека повеќекратното шутирање луѓе со истите може да предизвика повреди.

Како ЕмТиВи помогна против трудни тинејџерки

Објаснувањето на учесничките на реалните шоуа на ЕмТиВи со трудни тинејџерки е дека тоа го прават за да покажат дека така не се почнува семејство. Излезе дека ова им успеало барем 20.000 пати.

Хармониката станува кул

Освен во крајпуташките балкански крчми каде што сè уште жилаво се држи, хармониката е во дефанзива уште од раните 60-ти години на минатиот век, кога ја убија Битлси и слични дрогераши со гитари. Но, во последно време повторно станува кул, а влегува и во рокенрол халата на славните.  

Банкари со обврска за слободен ден

Откако на работа им умре 21-годишен приправник, Банката на Америка Мерил Линч воведе ново правило со кое бара од сите вработени на ниските нивоа да користат барем четири слободни дена од викенд месечно.

1-ви јануари, роденденот на сите Авганистанци

Од американската инвазија на Авганистан, 1-ви јануари во земјата не се слави како почеток на годината туку како официјален роденден на илјадници Авганистанци кои не знаат кога се родени.

Од шамија до чаршаф

Покривање на главата или лицето на јавни места се смета за битен знак на муслиманскиот идентитет на жените. Но, колку и колкава покриеност е прифатлива во различни муслимански држави?

Критична маса картон

Картонски кациги се новата надеж за чување на главата на велосипедистите. Инспирирани од клукајдрвецот а изработени како кај пчелите.

Како Бред Пит помогна без да знае

Белгиска непрофитна организација на тема борба против ракот на дебелото црево, испраќа писмо до Бред Пит по повод неговиот 50-ти роденден (да да, толку има човекот) во која јавно го предупредува каква опасност го чека како маж на 50 години. Резултат, внимание што никогаш не го очекувале.

50 милијарди долари казна за бељите на банките

За да купат малку добра волја од федералните власти заради создавањето на хипотекарната криза, американските банки на купче ќе соберат и ќе исплатат околу 50 милијарди долари, од кои 15 милијарди би завршиле директно кај оштетениот народ.

Крајот на брадата?

Откако одговорниот за односи со јавност на Белата Куќа, Џеј Карни, на првата прес конференција за годинава се појави со брада, по што Њујорк Тајмс објави дека брадата станала меинстрим, GQ и официјално прогласи дека брадата повеќе не е кул.

Каде да криеш пари од мито, кинеска верзија

Во време кога сите ти бројат колку имаш (државата, партијата, соседите), проблемот со парите добиени за поткуп е како да ги скриеш од сите нив. На оваа тема "докторира" еден кинески функционер (сега веќе осуден на смрт), кој собирал мито од околу 30 илјади долари на ден.

Твојот шеф е посреќен од тебе

За да ви биде повеќе мака не само што се чувствуваат посреќно, туку се посреќни во се - и по основа дека имаат подобра работа, и по основа дека прават повеќе пари и по основа дека повеќе си го сакаат семејството.

Домовите на собирачите

Британска фотографка загледува некоe од американските реални шоуа на тема "hoarders" и добива чувство дека овие луѓе како намерно да ги прикажуваат во лошо светло. Решава да почне да работи на темата, под наслов "Вештина на чување."

Мозокот има ВИП листа на ваши пријатели

Сите проблеми што вие мислите дека ги имате со стекнување нови пријатели на стари години (тоа се сите оние години кога веќе не си кажуваш со некој дека сте најдобри другари), мозокот ги решава по сопствен систем без воопшто да ве замара за тоа.

Крајот на златното доба на антибиотикот?

Она што обично звучи како почеток на апокалиптична научна фантастика, деновиве го порача новиот претседател на најголемата британска добротворна организација за медицински истражувања - инфекциите стануваат се поотпорни на антибиотици.

Што да прави поштен човек со 5 милиони долари

Во првите 5 дена легалните продавачи на марихуана во Колорадо направија 5 милиони долари, што е одлично кога би имале каде да ги стават парите што ги заработија.

Британија со субвенции за порно ѕвезди

Актуелната британска влада (по политичка вероисповед - конзервативна) одлучи да ја помогне индустријата за возрасни, давајќи им пари на порно студијата што ќе ангажираат нови млади таленти.

Што е Ultra HD и дали ти треба?

Минатата година прв пат слушнавме за 4K Ultra HD телевизорите, технологија која во однос на Full HD телевизорите треба да биде она што Full HD беше за телевизорите со 100 херци.

Македонија, Бугарија и Грција: комшилук со најмногу пушачи во свет

Во Америка некаде во 60-те властите сфаќаат дека цигарите се штетни и започнуваат со мерки против пушење. Така денес во САД пушат 19% од возрасните, споредено со 42% во 1965-та. Слично е и во остатокот од светот. За среќа ние се држиме.