Толку од интернет неутралноста

Американскиот апелационен суд ја префрли слободата на интернетот во рацете на неколку супер моќни и супер лакоми компании. Провајдерите ќе можат да ги гузат корисниците како ќе им се ќефне.

Судот реши дека Федералната комисија за комуникации веќе нема надлежности да обезбедува рамноправен пристап кон интернетот и дека тоа прашање е целосно во рацете на интернет провајдерите.

Тоа значи дека тие во иднина ќе можат слободно да лимитираат пристап до некои страници, некои да ги прават бавни, некои дополнително да ги наплаќаат, да блокираат пристап до конкурентски апликации и сè друго што можете да замислите во оваа насока.

Не се работи за стандарден американски би-политички проблем. Не се работи за Демократи и Републиканци туку за ефикасност на гола корпоративна лакомост, пишува Есквајер.

AT&Т, Веризон, Комкаст и неколку други огромни провајдери во иднина ќе имаат комплетна контрола врз платформата која досега се сметаше за слободна. Тие ќе решаваат кој каде ќе може да оди и по која цена.

Се нагаѓа дека сервисите како Нетфликс и Јутјуб ќе бидат наплаќани дополнително бидејќи се габаритни сервиси на кои провајдерите одамна се жалат дека им ја гушат инфраструктурата.

повеќе

 

15 јануари 2014 - 11:39