Како ЕмТиВи помогна против трудни тинејџерки

Објаснувањето на учесничките на реалните шоуа на ЕмТиВи со трудни тинејџерки е дека тоа го прават за да покажат дека така не се почнува семејство. Излезе дека ова им успеало барем 20.000 пати.

Економската студија на телевизиските рејтинзи на Нилсен, покажала дека шоуто "16 and Pregnant" и слични на него, од 2010-та до денес, има спречено околу 20.000 породувања на мајки тинејџерки.

Овие програми ја имаат намалено стапката на новородени деца на тинејџери за околу 6%.

Секоја епизода на "16 and Pregnant," следи различна тинејџерка за време на бременоста, пораѓањето и нејзините први недели како родител. Без разлика на критиките од возрасните, за тинејџерите сериите имаат освестувачко влијание.

"Гледајќи ја Teen Mom, ти си блиску до ликовите. Ги гледаш како го минуваат денот. Гледаш какви се различните аспекти на животот кога имаш дете. Не знам како поинаку би можел да дознаеш такво нешто," објаснува една 17-годишна тинејџерка интервјуирана од Њујорк Тајмс.

Пресметката ја прави Националното биро за економско истражување, кои ги споредуваат рејтинзите на ЕмТиВи со стапката на тинејџерски породувања низ САД. Тие откриваат дека таму каде што оваа телевизија е најгледана, има и најголемо намалување на бројот на породени тинејџерки. Анализата го обработува периодот по премиерата на "16 and Pregnant."

Во 1991-ва, на 1.000 породувања 62 биле од тинејџерки. Во 2007-ма стапката паѓа на 42, за во 2012-та таа да изнесува 29 породувања. Она што не им е јасно на истражувачите е дали тинејџерите почнале повеќе да користат заштита или пак помалку имаат секс.

13 јануари 2014 - 15:00