"Јадење премногу соја може да ги зголеми нивоата на естроген кај мажот."
Причина зошто почнува со вегетаријанство: Девојка му е вегетаријанка, и со тек на време и тој почнува да ги јаде истите работи. Во еден момент сфаќа дека 2 недели немал пробано месо и продолжува. "За жал има два вида вегетаријанци: оние што внимаваат да ги внесат сите потребни хранливи материи и оние од мојот вид, кои јадат многу мексиканска, тајландска храна и тофу. Забележав дека иако вежбав, почнав да се дебелеам на чудни места. Подоцна открив дека премногу соја може да ги зголеми нивоата на естроген кај мажите. Феноменално."
Моментот кога пак пробува месо: Раскинува со девојката и по некое време со другарите патува во Бразил. Во една кафана решава пак да му се врати на месото и ги предупредува другарите дека може да има и проблеми околу тоа. "Во прво почувствував боцки по телото, и го очекував можниот бран на повраќање, меѓутоа тоа никогаш не се случи. Мислам дека моето тело почна да се радува затоа што го добиваше она по што копнеев цели две години. По ова, никогаш не се вратив назад," Кинан, 35-годишен актер.
"Јадев по три бургери неделно"
Причина зошто почнува со вегетаријанство: Во средно училиште се откажува од месо по еден од големите постови. Иако со тек на време е помалку религиозна, таа продолжува со вегетаријанството.
Моментот кога пак пробува месо: Се преселува во Њујорк, и размислува повторно да почне да јаде месо. Започнува врска со дечко кој исто така планира да прекине со вегетаријанство. Заедно го пробуваат првиот бургер. "Во една недела изедов 3 хамбургери. Беше величествено. Сега сме во брак." Маура, 32-годишна библиотекарка.
"Обожавам чизбургери"
Причина зошто почнува со вегетаријанство: За време на последната година во средно, на пролетниот распуст оди во Сарасота со другарките. "Најголем дел од нив беа или вегани или вегетаријанци. Еден ден бевме излезени на јадење и јас нарачав 30 сантиметри долг похован хот-дог. Кога ми го донесоа јадењето им ги видов преплашените лица на другарките и нешто се смени во мене. Тогаш одлучив дека повеќе нема да јадам месо, и одлично ми одеше едно 10 години бидејќи едноставно немав желба за него."
Моментот кога пак пробува месо: Првата година на факултет почнува да тренира за полу-маратонот во Њујорк, и постојано се чувствува прегладнета. Неколку недели се присилува да јаде месо, иако се чувствува како тоа да е најчудната работа во светот. "Претпоставив дека сланината е она што ќе ме убеди дека донесов правилна одлука - ама, не ми се допадна. Првото месо во кое навистина уживав кога станав месојад беше чизбургер. Обожавам чизбургери. Се уште не јадам месо цело време, ама кога јадам, тоа генерално се чизбургери," Каролина, 30-годишна консултантка.