
За време на војните во земјата во 80-те и 90-те авганистанските власти немаат систем за регистрација на новородени, а личните карти и возачките не се стандардни во земјата, па семејствата немаат причина зошто да ги запишуваат точните датуми на раѓање. Во исто време сите владини формулари и документација бараат само приближен датум на раѓање според муслиманскиот календар.
Кога САД и НАТО сојузниците доаѓаат во земјата, отвораат најразлични работни места, а почнуваат и со издавање визи за локалците, ова значи и потреба од документи кои се водат по регуларниот светски календар.
Заради сето ова, сите што не знаат на кој датум се родени, го избираат 1-ви јануари како свој роденден, плус датумот им е лесен за памтење.
Слични проблеми се појавија и на други некогашни воени жаришта како Виетнам, Судан и Сомалија, каде илјадници луѓе кои не знаеа кога се родени го избраа 1-ви јануари.