Што да прави поштен човек со 5 милиони долари

Во првите 5 дена легалните продавачи на марихуана во Колорадо направија 5 милиони долари, што е одлично кога би имале каде да ги стават парите што ги заработија.

И покрај тоа што продавањето марихуана стана легално во Колорадо, проблемот е што банките се уште работат по постојните федерални закони кои им забрануваат да примаат од продажба на дрога.

Ова за сега важи и за легалните продавачи на марихуана, кои мораат парите од прометот да ги чуваат во себе, а не да ги депонираат во банки. Во исто време ова значи дека продавачите не можат да користат и други банкарски услуги како кредити или да наплаќаат на кредитни картички.

Сега градскиот совет на Денвер побара федералните власти под итно да почнат да работат на менување на правилата за работата на банките.

9 јануари 2014 - 14:01