Купувањето на Нест за Гугл значи уште една пристапна точка до животот на корисниците, освен постојните што ги има преку облак сервисот, телевизијата, смартфоните, лаптопот и слично. Сега Гугл ќе може да ви каже и дали во вашиот дом е студено.
Најголема грижа на постојните корисници на Нест не е дека Гугл ќе ја упропасти компанијата, туку дека со ова интернет пребарувачот ќе има уште поголем пристап до приватноста на луѓето.
Основач на Нест е Тони Фадел, човекот кој после Стив Џобс е најодговорен за создавањето на Ајподот. Компанијата е основана пред две години, а до сега Фадел успеа да собере финансирање во износ од 230 милиони долари.
Термостатот на Нест се продава за 250 долари, и тој може да биде далечински управуван преку смартфон, а со тек на време почнува да го учи вашето однесување и навики па автоматски ја мести температурата.
Нест ќе продолжи да работи како одделна компанија со посебен бренд идентитет и под водство на нивниот основач Тони Фадел.