Пола Салишикер веќе две и пол години фотографира домови на собирачи во Лондон и Есекс, а луѓето ги има одбрано преку оглас и посетувајќи групи за помош на собирачи. Најголем проблем за неа било да ги натера овие луѓе да ја пуштат дома.
Таа во прво време сака да прави потрети со собирачите, ама потоа сфаќа дека иако нејзините соговорници се свесни за својот проблем, нивните семејства, пријатели или колеги најчесто не го знаат ова.
За време на проектот таа открива повеќе за луѓето кои ги фотографира: "Собирањето им одзема многу време и енергија на луѓето кои страдаат од ова, и тоа е истоштувачки и ментално и физички. Има постојано преместување на работите, носење, грижење за нив. Има и опасности за здравјето: гасовите кои се испуштаат од насобраното ѓубре се токсични и можат да предизвикаат пожар. Тие се соочуваат со постојаниот предизвик да бидат опкружени со она што го претставува нивниот главен проблем."
Следно Салишикер планира да оди да ги фотографира собирачите во Уругвај.