Аналитичарите и соработниците на банката (позиции кои се чуваат за најтазе вработените) ќе мора да добијат дозвола од својот шеф ако сакаат и на овие денови да работат. Истото правило важи и за летните приправници.
На новите правила им следува истрагата околу смртта на 21-годишниот Мориц Ерхарт во август минатата година. Шпекулациите се дека пред да почине тој работел три дена без престан. Инаку официјалната причина за смртта на Ерхарт е епилепсија.
"Посветени сме на создавање на подобро искуство за младите банкари и веруваме дека овие промени ќе ни помогнат да осигуриме ресурси и поддршка кои ни се потребни да успееме," изјавил за Њујорк Тајмс, Кристијан Меиснер од Банката на Америка.