Во студија на Универзитетот Оксфорд забележан е шаблон на комуникација кој покажува дека луѓето немаат доволно капацитет да одржуваат голем број на блиски и интимни врски. Можни причини за ова се пренатрупан распоред, емоционални ограничувања или двете.
"Заради овие ограничувања поединецот не може да го зголеми бројот на пријатели со кои најинтензивно комуницира, меѓутоа мнозинството луѓе олабавуваат или откачуваат одредени индивидуи кога сакаат да направат простор за да додадат нови луѓе во својата мрежа на висок емоционален интензитет," стои во студијата.
Кога ќе ја постигнете оваа граница (која се разликува од човек до човек), мозокот почнува да функционира како обезбедување во дискотека воведувајќи политика дека за секој нов близок пријател еден од старите мора да "отпуштен".