Писмото освен што му е испратено на 10 адреси на Бред Пит, меѓу кои и неговата продуцентска компанија, тоа е објавено и он-лајн, по што станува вирален хит и има 314% поголем успех од очекуваното.
Во пораката до Пит се објаснува дека кај мажите на негова возраст постои сериозна опасност од добивање на рак на дебело црево, потоа се опишува сегашната ситуација со болеста во светот и се бара од актерот да биде пример за останатите мажи и да направи тест за да се провери дали го има овој вид рак. Во писмото е вклучен и тестот.
Освен неговата лична слава, Пит веројатно е избран и заради неодамнешната двојна мастектомија на неговата сопруга, откако Џоли откри колку и е висок ризикот (заради генетски предиспозиции) од рак на гради.