Споредбата е на Пју истражувачкиот центар, кој ги поделил луѓето на шефови и останати мажи и жени. Во групата на шефови, мнозинството биле републиканци кои се конзервативни белци и мажи.
Околу половина од шефовите имале годишни приходи над 75.000 долари, споредено со само 32% кај останатите вработени. Исто така шефовите во просек биле и 8 години постари, и за 50% помалку биле заинтересирани за барање нова работа.
Една од категориите во која победуваат обичните вработени е што мнозинството од нив (со многу мала разлика) не би сакале да станат шефови.