23 мапи за подобро да го разберете светот

За да не мора многу да збориме, а сепак да се разбереме, една компилација од мапи која би требало да ви разјасни некои работи околу Земјата.

1. Каде живее светската популација и нејзиниот економски статус

Синото се најбогатите, жолите се најсиромашните. Ние сме виолетови. Тука интерактивна мапа.

2. Како луѓето почнале да се шират низ планетата

Сè почнало од Африка пред 6.000 години. New Scientist

3. Кога Монголите владееле со светот

Монголите во тоа време освојуваат најголем дел од познатиот свет, притоа убивајќи десетици милиони луѓе.

4. Главни трговски патишта за време на колонијализмот

Британските, холандските и шпанските рути од 1750-та до 1800-та. Climatological Database for the World's Oceans

5. Европски, географски откритија

Европјаните ја имаат откриено Америка само за Европјаните, инаку на светско ниво работата ја имаат завршено други и тоа 15.000 години пред нив. Тука со повеќе објаснување.

6. Што ако ледената покривка на половите комплетно се стопи

Што и да се случи на темата, Демир Капија и понатаму ќе остане сува.

7. Битката за освојување на Арктикот

8. Кој освојува Нобелови награди

9. Најсреќните и најмалку среќните држави во светот 

Правилото е дека социјалниот статус, економската еднаквост, здравјето и политичката стабилност придонесуваат кон среќата. Проблемот е што Јужна Америка комплетно го прекршува ова правило.

10. Терористички напади низ светот

Тоа што помалку слушаме за терористички напади не значи дека тие не се случуваат, туку дека се случуваат на места за кои не се грижиме премногу. GTD.

11. Од кој јазик доаѓаат топонимите во Америка

 

12. Африканските империи пред колонијализмот

Ова се африканските кралства во периодот од 500-та година п.н.е. до 1500-та година од нашата ера, Најголемиот дел од нив не постојат во исто време.

13. Како би изгледала Африка ако никогаш не беше колонизирана

Границите се базираат на истражување за политичките и племенските заедници од 1844-та. Намерно е свртена наопаку и е дело на Швеѓанецот Николај Сион.

14. Европа низ твитови

Мапата се базира на твитовите од 23-ти октомври до 30-ти ноември 2012-та. Тука повеќе информации за собирањето податоци.

15. Варварските инвазии низ Европа

16. Втората светска војна во Европа, ден по ден



17. Муслиманските држави низ светот


Периодот е од 1450-та до денес.

18. Европската спогодба за поделба на Блискиот исток

Во 1916-та француски, британски и руски дипломати се договараат за поделба на Отоманската империја на неколку зони на влијание.

19. Сегашната поделеност на религиите на Блискиот Исток 

20. Процентот на Индијци кои имаат тоалет во својот дом

 

21. Јазиците што се зборуваат во Кина и околината

22. Морската воена моќ на Пацификот

23. Секој можен авионски лет во светот во рок од 24 часа

виа Вашингтон Пост

14 јануари 2014 - 18:09