На глобално ниво во изминатите неколку децении бројот на пушачи е паднат за 10%, од 41% во 1980-та на 31% во 2012-та. Во истиот период кај жените оваа бројка е преполовена од 11 на 6 проценти.
Пресметките на истражувачите од Институтот за здравствени метрики и проценки покажуваат дека во некои држави пушењето е се уште честа појава. И тоа во:
- Грција - 38% од возрасните се пушачи.
- Македонија - 37% од возрасните се пушачи.
- Папуа Нова Гвинеја - 37% од возрасните се пушачи.
- Бугарија - 36% од возрасните се пушачи.
Едно од објаснувањето зошто сопствениците на тутунските компании не извршуваат масовно самоубиство е во тоа што сите овие статистики се изразени во проценти кои не го земаат во предвид светскиот наталитет.
Иако процентуално е паднат бројот на пушачи, треба да се има во предвид дека во овие 30 години сериозно е зголемен бројот на луѓе на Земјата. Па според чисти бројки, овие 41% значеле дека во 1980-та во светот има 721 милион пушачи, а 31% во 2012-та значи дека во светот има 967 милиони пушачи.