Во разговорот со радио БиБиСи 4, професорот Џереми Фарар објасни дека златното доба на антибиотиците е пред крај, доколку нешто не се промени.
Неговата забелешка е што антибиотиците до сега не биле попаметно користени и не се вложувало повеќе во истражување на заразните болести, наместо сите да се решаваат со зголемување на дозата на антибиотици.
Мнозинството од луѓето што денес живеат се родени во свет во кој антибиотиците се секојдневна појава и се сметаат за редовен дел од медицината. Ова човек не би го помислил кога би знаел дека еден од основните антибиотици, пеницилинот, почнува да се шири низ светот некаде во 50-те години.
"Проблемот го илустрираат две бактериски инфекции.
MDR (Multi-drug resistant) туберкулозата која бележи постојан раст низ светот и за чие лечење се потребни и до две години. Ситуацијата тука станува полоша од пред 5 години кога во Јужна Африка се појави XDR (Extremely Drug Resistant) туберкулозата, која речиси и да не може да се излечи.
Друг пример е зголемениот број на инфекции од enterobacteriaceae - бактерии кои живеат во стомакот и кои станаа најчестата причина за инфекциите здобиени во болница. Дел од нив стануваат отпорни и на carbapenem, моќна група на антибиотици кои се користат како последно средство за борба против заразите.
Не треба да се заборави и алармантниот број на сексуално пренесени болести како гонореја, кои стануваат се потешки за лечење." пишува Фергус Волш за БиБиСи.