ЈП Морган уште минатата година направи зделка со Департманот за правда според која треба да исплати околу 13 милијарди долари за подмирување на најразлични тужби. Затоа што не се само тие одговорни за целото зло, сега уште 16 други банки ќе треба да направат сличен потег.
Спогодбата на ЈП Морган ќе служи како референца за одредување на сумите на останатите банки. Моментално банките пресметуваат која има направено најголема штета и колку би требало да се плати.
На врвот најверојатно ќе биде Банк оф Америка, која се проценува дека има издадено хипотеки во износ од 637 милијарди долари. Таа најверојатно ќе плати казна од околу 11 милијарди долари, плус 5 милијарди долари за помош на оштетените корисници.
Соговорниците на Тајмс објаснуваат дека иако станува збор за големи пари, банките се многу позаинтересирани да стават крај на целата работа со хипотекарната криза и да продолжат со работа.