Одлуката доаѓа од Одделот за плати и пензии, кој реши да воведе субвенции за порно компаниите што ќе најмат млади и невработени Британци. "Иницијативата има за цел намалување на стапката на невработеност, додека истовремено ќе им овозможи на младите филмаџии да работат на следниот голем порно блокбастер."
Порно студијата кои ќе ангажираат невработени млади таленти (на цело работно време) ќе добијат субвенции за плата во износ од 2.275 фунти, а за оние што нема да бидат ангажирани на полно работно време субвенцијата е 1.100 фунти.
"Ама" во целиот предлог е што погодностите важат само за вработувања на позициите зад камерите (камермани, фотографи, светло и слично). Причина за ова ограничување е да не излезе дека државата директно финансира експлоатација на младината.