Тужба за премногу клоци во глава

Најк доби тужба од еден (сега веќе осуден) макро, затоа што на своите патики не ставиле предупредување дека повеќекратното шутирање луѓе со истите може да предизвика повреди.

26-годишниот сводник Сирџорио Санфорд - Кларди е осуден на 100 години затвор заради брутално претепување на проститутка и еден маж. Сега тој смета дека Најк делумно е одговорен за повредите, бидејќи на патиките со кои ги шутирал жртвите немало предупредување.

"Тој од затворот напиша тужба против Најк на 3 страници. Во неа тој тврдеше дека Најк 'не успеал да предупреди за ризикот или да обезбеди соодветно предупредување или инструкции' со тоа што не навел дека нивните патики се 'потенцијално опасни,'" објавува ЕнБиСи.

Во јуни Кларди со своите Ер Џордан повеќе пати шутирал и газел по главата на еден маж кој не сакал да му плати за услугата што ја добил од една од неговите проститутки. По ова тој и го ограбил мажот.

За време на 2-неделното судење Кларди им се заканувал на луѓето во судницата и го пцуел судијата. Заради ова тој е прогласен за опасен прекршител кој нема да може да биде рехабилитиран.

13 јануари 2014 - 15:58